MAРИЦА АВРАМЧЕВА ЗАФИРОВА, ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ОСНОВЕН СУД ГЕВГЕЛИЈА :

WEB Телевизија во живо

„СО ДЕНЕШНИОТ ОТВОРЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЈАВНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА, СО СИЛАТА НА АРГУМЕНТИТЕ, ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОТЧЕТНОСТА, СЕ ОТВОРА МОЖНОСТ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПОГРЕШНАТА ПЕРЦЕПЦИЈА КОН СУДСКИОТ СИСТЕМ“
 
По повод одбележувањето на „Денот на правосудството 31 март“, Основниот суд во Гевгелија денеска организираше отворен ден за посета на граѓаните како и јавна презентација на сработеното од страна на Основниот суд Гевгелија во периодот од 2021 до 2024 година.
При тоа, претседателката на Основниот суд Гевгелија, Марица Аврамчева Зафирова истакна:
 
„Со денешниот отворен ден за граѓаните и јавната презентација, со силата на аргументите, транспарентноста и отчетноста, се отвора можност за надминување на погрешната перцепција кон судскиот систем. За воспоставување на реален вредносен суд на јавноста, потребна е нејзина промоција на аргументирани мислења, идеи и критики во насока на унапредување на перформансите во судскиот систем.
Само со доследно почитување на начелата на законитост, независност, еднаквост, , објективност, професионалност, интегритет, стручност, транспарентност и отчетност, рече Аврамчева Зафирова, ќе продолжиме да чекориме во остварувањето на нашата заедничка мисија да се унапреди судскиот систем во оставарување на неговата функција во процесот на правораздавањето, базиран врз основа на меѓународните стандарди и норми.
Основниот суд Гевгелија ќе продолжи и во иднина да се придржува до претходно истакнатите заложби а се во функција на задоволување на потребите на граѓаните“, потенцираше претседателката.
 
На отворениот ден во Основниот суд Гевгелија, присуствуваа и ученици од правната насока на СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово, кои, меѓу другото беа непосредно запознати со работата на судот, просторните услови, со текот на судските постапки, надлежноста на судот и други прашања од интерес на учениците, со што на еден практичен и транспарентен начин им беше доближена демократската природа на судот како граѓански сервис.
Во Јавната презентација, која граѓаните на Општина гевгелија целосно можат да ја видат на веб сттраната на Основниот суд Гевгелија, беа набележани повеќе аргументи кои говорат за квалитетната и ажурна работа на овој суд.
 
Имено, Судот во 2021, 2022 и 2023 година според Годишните извештаи за својата работа бил оценет за ажурен и ефикасен суд, додека според годишниот извештај за работа на судовите во изминатата 2023 година, во Основниот суд Гевгелија решени се 12.216 предмети, што е 100 проценти од ново примените предмети во текот на годината, а останале нерешени 464 од вкупниот број на предмети, заедно со наследените предмети од 2022 година.
На ниво на државата, во 2023 година, најажурен бил Основниот суд во Гевгелија, каде во просек за решавање на предметите на судиите им требало по 13 дена.
 
Од страна на Судскиот совет на РСМ, утврден е висок процент во квалитет на пресудување, позитивно е оценета работа на сите судии во периодот од 2019-2022 година а според Извештајот на Врховниот суд, квалитетот во работата на судот се одликува со висок процент на необжалени одлуки и квалитетно работење во однос на вкупно решените предмети.
Донесени се и реализирани сите Годишни програми од страна на Основниот суд, а според Извештајот на ДКСК за 2023 година, Основниот суд Гевгелија го има имплементирано системот за интегритет на највисоко ниво, на прво место од Основните судови, со процент на исполнување на обврските од 76,5 %.
Апелациониот суд Скопје при извршената работна посета оцени законито, ажурно и квалитетно правораздавање, додека при извршениот надзор над функционалноста на АКМИС од страна на Комисијата формирана од Министерот за правда констатирана е доследна примена на одредбите од Законот за управување со движењето на предметите во судот и Судскиот деловник.
 
Во однос на транспарентноста, судот континуирано ги ажурира податоците на својот веб портал, има јавни промоции на извештаите на судот, соопштенија и активности а во функција е и Канцеларија за односи со јавноста. Во 2023 година се одбележани Денот на правосудството, Европскиот ден на правдата а е потпишан Акционен план за меѓународна соработка помеѓу Основен суд Гевгелија и УНХЦР заради изготвување на стандардни оперативни процедури во правосудни постапки за постапување со ранлива категорија на лица.
 
Во периодот од 2021 до 2024 година извршени се голем број инвестициони активности, меѓу кои, реновирање и замена на кровната покривка со инсталирање на фотоволтаици, санација на сите прозорци во судските сали, нов систем на евиденција на работно време, адаптација и реновирање на санитарните јазли како и санација на парните котли,
Што се однесува до човечките ресурси, Основниот суд се соочува со недостаток од 5 судии и 87 службеници, согласно систематизацијата, што пак не е пречка за успешно работењње, со што Основниот суд Гевгелија се стекна со епитетот ажурен и ефикасен суд..

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *