ГЕВГЕЛИСКИ ВЕЛОТЛОН 2024

WEB Телевизија во живо

Регистрацијата за возбудливиот, втор по ред велотлон настан, кој ќе се одржи на 12-ти мај 2024, сега е официјално отворена.
Гевгелиски Велотлон е комбиниран натпревар на возење на велосипед по Off road патека, совладување на препреки и трчање по ридска патека.
Право на учество имаат натпреварувачи-полнолетни граѓани на Република Македонија од обата пола, но и натпреварувачи со навршени 14 години со согласност на родител/старател.
 
Максимален број на учесници е 150 натпреварувачи кои се натпреваруваат во 4 категории во машка и женска конкуренција, 14-18 години, 18-35 години, 35-55 години и 55 + години;
Котизацијата за Гевгелискиот Велотлон изнесува 600,00 денари;
Вкупниот наградниот фонд изнесува 48.000,00 денари, кои ги обезбедува АМД „Гевгелија“
Вкупната должина на патеката изнсува 5600 метри од кои 4640 метри за Off road возење велосипед (во две фази), 880 метри за трчање (во две фази) и совладување на 6 препреки во должина од 80 метри.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *