ДВЕ ГОДИНИ ОД ОТВОРАЊЕТО НА КНИЖАРАТА „THE BOOK SHOP“

WEB Телевизија во живо

Во склоп на Едукативниот центар„My school“ во Гевгелија, во присуство на голем број на љубители на убавиот пишан збор, на денешен ден 2022 година беше отворена нова книжара во Гевгелија, „The Book Shop“. Отворањето, кое се совпадна со Меѓународниот ден на литературата за деца, 2 Април, беше збогатено и со присуство на познатите писатели за деца, Горјан Петревски и Јадранка Клисарова, кои прочитаа и рецитираа дел од своите песни за деца и за возрасни.
 
„Она што сакам да го порачам е дека со оваа книжара сакаме и да ја развиеме љубовта кон книгата пред се кај детската популација и со тоа да ја оттргнеме за момент од мобилните телефони. Дружењето со телефоните нека биде заменето со дружењето со книгите.“, рече при отворањето сопственичката на ова убаво книжевно катче во Гевгелија, Татјана Николовска, која и самата е книжевник.
 
Честитки за роденденот, и нека натаму продолжат со работа под нивното мото:
„Книгата може да ни служи како секира, која го крши замрзнатото море во нас“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *