ДРАМСКИ ТЕАТАР ДЕНЕС ГО ОДБЕЛЕЖУВА 78-ОТ РОДЕНДЕН

WEB Телевизија во живо

На 21 април 1946 година во Скопје е изведена првата премиера на Куклената секција при Македонскиот народен театар. Тоа беше претставата “Силјан Штркот”, според истоимената народна приказна.

НУ Драмски Театар Скопје е театарска институција која зад себе има 78 години успешна театарска дејност. Почетоците се врзуваат со изведбата на детската куклена претстава „Силјан Штркот“ на куклената сцена во рамките на Македонскиот Народен Театар (1946). Во следните петнаесетина години, зародената куклената сцена се развива како самостоен театарски субјект надвор од рамките на МНТ. 

Потрагата и дефинирањето на конечниот концепт на театарското делување, дефинирање на репертоарната политика и стилско/естетските театарски правци се пресликува и преку зачестеното преименување на институцијата: Куклена сцена (1949); Градски куклен театар(1949); Младински–куклен театар (1957/58) и Драмски театар Скопје (1965). Мора да се потенцира дека ДТС својата препознатливост на модерен/иновативен театар му ја должи на Ристе Стефановски, кој технички и уметнички го реорганизира ( оформува две засебни сцени и тоа Младинската и детската сцена, додека во годината 1960, започнува со работа и вечерната сцена.)
 
ДТС прераснува во една од најдобрите театарски институции во Европа, особено на Балканот, повеќекратно наградуван на театарски фестивали: Стериино позорје, МЕСС, БИТЕФ, Охридско Лето, Меѓународен фестивал на мали Брои вкупно 87 вработени лица, професионалниот уметнички состав брои: 46 актери, 3 драматурзи, 2 режисери. Годишно се подготвуваат, во просек, по 7 премиерни изведби.сцени Риека, МТФ Војдан Чернодрински , Фестивал на камерен театар Ристи Шишкови др. Гостува на театарските сцени во САД, Австралија, Канада, Англија, Германија, Франција, Русија, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и др.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *