ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

WEB Телевизија во живо

„ЗЕМЈАТА Е НАША МАЈКА. ШТО И ДА ЈА СНАЈДЕ ЗЕМЈАТА, ЌЕ ГИ СНАЈДЕ И НЕЈЗИНИТЕ СИНОВИ. АКО ЧОВЕК ПЛУКА НА ЗЕМЈАТА, ПЛУКА НА САМИОТ СЕБЕ. ЗЕМЈАТА НЕ МУ ПРИПАЃА НА ЧОВЕКОТ, ЧОВЕКОТ И ПРИПАЃА НА ЗЕМЈАТА“
 
Ова се зборови на индијанскиот поглавица Сиетл, од 1845 година.
Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.
Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.
 
Како што се посочува во пораката од светската организација повеќе од половина од светското население живее во градовите, бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат.
Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.
 
ОН во наредните две години организираат кампања „Зелени градови“, што треба да прерасне во глобално движење.
Воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и земјата од која расте нашата храна е дел од деликатниот глобален еко систем кој се повеќе е под притисок на човечките активности. Од уништување на тропските шуми до намалување на рибите во океаните, од недостиг на вода за пиење до забрзаното намалување на растителниот и животинскиот свет, како и загадувањето на воздухот и морињата – се е тоа дело на човечките раце.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *