ДЕНЕСКА Е СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ-БЛАГОВЕЦ

WEB Телевизија во живо

ПРАЗНИК НА РАДОСНАТА ВЕСТ И ДЕН НА
МАЈКИТЕ
 
Иако паѓа во тешките велигденски пости на Благовец се јаде риба. Дури тоа се смета и за потребно. Стефан Тановиќ забележал дека во Гевгелиско тоа се правело за здравје. Денес наутро бакнете ја мајка ви! Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници од југ – штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и други.
 
Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“. Именден празнуваат: Благоја, Блаже, Благојка, Благица, Блага, Благун ….
Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот. 
 
Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста на девојката Марија дека ќе зачне со силата на Светиот Дух и ќе го роди Христос, исцелителот и спасителот на човештвото, кој повторно ќе ја отвори можноста за вечен живот во постојана заедница со Бога, можност што човекот ја изгуби кога наместо Бога го одбра гревот и наместо животот – смртта.
 
„Празникот Благовештение е воедно и Господов и Богородичен. Господов бидејќи се однесува на Христа Господа, Којшто беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе во зачнувањето и вочовечувањето на Бога Словото“ – пишува на веб-сајтот на Бигорски манастир, во појаснувањето за празникот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *