2 АПРИЛ-СВЕТСКИ ДЕН НА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ

WEB Телевизија во живо

Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам, 2 април има за цел да стави акцент на пречките со кои се соочуваат секојдневно луѓето со аутизам и другите кои живеат со лица со аутизам, а исто така се прославуваат уникатните вредности на оние со аутизам.
Аутизмот претставува нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намелена способност на социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување..

„На овој светски ден за свесност за аутизмот, сите да учествуваме во менување на ставовите кон лицата со аутизам и во признавањето на нивните права како граѓани кои, како и сите други, имаат право да ги бараат тие права и да донесуваат одлуки за нивниот живот во согласност со своја волја и желби“– Антонио Гутерес, Генерален секретар на ОН.
Оваа година, Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот, ќе се фокусира на важноста на зајакнувањето на жените и девојките со аутизам и нивно вклучување во организации, во политиката и во донесувањето на одлуки за решавање на овие проблеми.
 
Во Македонија се уште нема регистар за луѓето со аутизам, но според светската состојба која кажува дека на 166 луѓе има еден со аутизам, тоа значи дека кај нас има околу 12000 и оваа голема бројка не смее да се занемари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *