ЗАБЕН И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР НОВИ ОБРАЗОВНИ ПРОФИЛИ ВО СОУ ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Од учебната 2024/2025 година СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија отвора нови образовни профили за учениците што ќе се запишуваат во прва година: ЗАБЕН ТЕХНИЧАР и ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР.
 
Потребата од овие нови образовни профили доаѓа по направените контакти и соработки со сите чинители во Општона Гевгелија и пазарот на трудот.
Учениците од профилот Забен техничар низ четиригодишно образование ќе се стекнат со знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за изработка на: тотални и парцијални акрилатни протези, скелетирани парцијални протези, едноделно леани протетички конструкции фасетирани со синтетски маси, инлеи, онлеи и леани надградби, соло коронки од метал керамика (естетски коронки), се грижи за правилно чување и одржување на апаратите и инструментите, администрирање, евидентирање и документирање на работни налози и материјали.
 
Низ четиригодишно образование учениците од профилот фармацевтски техничар се стекнуваат со знаења по општообразовните, стручните предмети и практични умеења и вештини. По завршувањето на училиштето ученикот има можност да работи како фармацевтски техничар во аптека, болничка аптека, во одредени оддели во болница, лабораторија или да го продолжи своето образование на фарацевтскиот факултет или медицинските факултети.
 
И за двата образовни профила според планот и програмите предвидена е практична настава во училиштето, но и во посочените сектори со кој училиштето ќе склучи меморандуми за соработка.
Освен овие два образовни профила во учебната 2024/2025 година во СОУ „Јосиф Јосифовкси“ учениците ќе може да се запишуваат и во следните пбразовни профили:
 
-гимназиско образование-68 ученици во 2 паралелки
-гимназиско образование(англиска билимгвална паралелка)-68 ученици во 2 паралелки
-угостителско-туристичка струка-50 ученици во 2 паралелки
-машинска струка-50 ученици во 2 паралелки
-еконопско-правна и трговска струка-25 ученици во 1 паралелка
-здравствена струка-25 ученици во 1 паралелка

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *