УЧИЛИШНИОТ СПОРТСКИ КЛУБ „УЧИЛИШНИ ЅВЕЗДИ“ ПРИ ООУ „КРСТЕ МИСИРКОВ“ ЗАПОЧНА СО УПИС НА ЧЛЕНОВИ

WEB Телевизија во живо

Намалената физичка активност кај децата, приврзаноста кон компјутерските игри и интернет и штетното влијание на социјалните мрежи и асоцијализација, предизвикуваат, забавен развој на моторички и функционални способности кај децата и намалена самодоверба , мотивација , и желба за успех .
Ова, како и уште многу други причини на денешниот начин на живот , ги поттикнаа и беа доволен мотив професорите по физичко воспитание, Звонко Бучков, Ѓорѓе Мандалов, Мицко Алексовски и Стојан Дојчинов да го формираат Училиштниот спортски клуб „Училиштни Ѕвезди“
 
Преку спортот и физичката активност децата од ова училиште ќе создаваат здрави навики и дисциплина, ќе се социјализираат, дружат, едуцираат и најважно од се ќе формираат здрави карактери подготвени за денес , и за во иднина. Да се биде активен секој ден , тоа е единствениот начин да создадеш од себе подобра личност, велат професорите.
За таа цел, овој клуб започна со упис на сите оние ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ кои сакаат да бидат дел од дисциплините пливање, одбојка, кошарка, фудбал, лиги во фудбал, кошарка, одбојка и шах, коректиовна гимнастика, индивидуални тренинзи и олимписки игри.
 
Како што порачуваат професорите, акцентот не го ставаат на резултатите, туку на забавата, физичката активност и исполнетост на слободното време. Исто така, велат тие, преку спортските натпревари, секој ученик работи на развој на својата личност, се навикнува на победи и порази, но, во исто време ги развива своите моторни способности, го подобрув својот кардиоваскуларен и респираторен систем, и ја зголемува самодовербата и комуникативноста.
Пријавувањето е во самото училиште кај наставниците по физичко воспитание.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *