ТРОЈЦА ТРКАЧИ ОД ГЕВГЕЛИЈА НАСТАПИЈА НА „КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛ“ ВО ПРИЛЕП

WEB Телевизија во живо

Во Прилеп денеска се одржа 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто беа од земјава, а останатите 50-тина од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката настапија и тројца атлетичари од Гевгелија, Валентина Узунова, Методија Ичев и Станислав Стојменов.
Валентина Узунова, која настапува за АК „7-ми Ноември“ и секогаш трча за заболените од Пулмонална хипертензија, во својата категорија, 55+ го освои првото место, додека во генералниот пласман беше на 12 место.
Методија Ичев и Станислав Стојменов со успех ги бранеа боите на ЗПСК „Кожуф“
 
На „Крали Марко Треилс“ има две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба.
 
Крали Марко Треилс изобилува со митски и духовни мотиви кои ви го одземаат здивот и ве тераат да доаѓате повторно. Настанот во вистинска мера го претставува духовното и културно наследство на пелагонискиот регион во Македонија. Векови подоцна овие трки се уникатна можност да се следат стапките на Крали Марко, да се истражува и да се стане современ херој!
Настанот беше во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *