СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 17 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

WEB Телевизија во живо

Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претставуван од Ректорот проф. д-р Дејан Мираковски, во рамки на своите програмско-проектни активности за тековната 2024 година, предвидува дводневно одбележување на патрониот празник на УГД.
Преку ваквото одбележување и прославување на патрониот празник, а во знак на 17 години – постоење на УГД, сакаме да ставиме акцент на прашањето:
„Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?“
Универзитетите се суштински за развојот на општеството.
Како јавни институции имаат за цел, не само да ги подготват студентите за кариерата која ќе ја изберат, туку пред сè, да ги образуваат како граѓани со широк светоглед и знаења, подготвени да го градат идниот свет.

УГД е универзитет кој во своето 17-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научно-истражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.
Младите кои во текот на овој временски период ни ја подарија својата доверба и станаа наши студенти, се стекнаа со знаење и вештини кои им овозможуваат да бидат успешни во својата кариера, да креираат нови бизниси, да ги лекуваат болните, да произведуваат здрава храна, да го пренесуваат македонскиот јазик на идните генерации, да учителствуваат, да го менуваат општеството и да го унапредат животот на луѓето во него.

На Свечената академија, како мотивација за идни успеси, ќе бидат наградени 18 студенти со најдобар успех, дипломирани во 2023 година, со плакета и вредносен ваучер од 10.000 денари.
Воедно, ќе бидат доделени и плакети на истакнати институции во општеството, за поддршката и соработката која ја градиме, со цел квалитетно образование и работење на УГД.
Годинава на Свечената академија ќе бидат уважени и пензионираните вработени на УГД, кои се пензионираa во 2023 година.
 
И овој пат славиме со слоганот:
„Избери мудро, делувај храбро“!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *