СТЕФАН МАРКОВСКИ УЧЕСНИК НА ПРВОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ЕВРОПСКИТЕ АВТОРИ

WEB Телевизија во живо

Македонските писатели и поети Стефан Марковски, Санде Стојчевски и Марина Мијаковска денеска учествуваат на првото одбележување на Денот на европските автори, кое годинава ќе се случи во 40 земји што се дел од програмата „Креативна Европа“.
Денот на европските автори го организира најголемата европска писателска федерација – Европскиот писателски совет. Во состав на одбележувањето се предвидени литературни читања, предавања и книжевни разговори во средните училишта низ Европа.
 
Марковски, Стојчевски и Мијаковска ќе го одбележат Денот на европските автори во средните училишта СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје, во присуство на ученици и нивни професори по македонски јазик и литература. Во рамките на одбележувањето македонските писатели ќе читаат извадоци од своите дела „Светлината во нашите вени“ (Марковски), „Нè чека пат“ (Стојчевски), како и „Коскена“, „Постела на тишината“ и „Тиркиз во лето“ (Мијаковска).
 
Инаку, Друштвото на писателите на Македонија е член на Европскиот писателски совет од минатата година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *