СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОДОБРИ ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ОД НАД 300.000 ДЕНАРИ ЗА СЕМЕЈСТВОТО БРЉАМОВИ ОД ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Од Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година ќе бидат издвоени 333.333 денари, еднократна парична помош за семејството Брљамови од Гевгелија, на кое им изгоре куќата во пожар.

Ваквата одлука ја донесе едногласно Советот на Општина Гевгелија, на последната 39. седница, по поднесената иницијатива од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ откако се случи немилиот настан во Гевгелија, во текот на неделава. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, реагираше за нивно времено сместување поради целосното опожарување на објектот.

Во соработка со ОО Црвен крст- Гевгелија и останатите институции, се организира хуманитарна акција за снабдување на семејството со сите потребни ресурси, односно храна и средства за хигиена. Поставени се кутии за донации во супермаркетот „Кит Го“, кафебаровите Daily, Barista и Time out и во тобаката „Лени и „Центар

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *