СОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ОД ВАЛАНДОВО-ЛИДЕР МЕЃУ УЧИЛИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА ВО 3Д ПЕЧАТЕЊЕ

WEB Телевизија во живо

СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово како партнер-училиште е добитник на грант преку Еразмус+ програмата и проектот „Step by step in 3D printing“ („Чекор по чекор во 3Д печатењето“). Проектот е одобрен од Националната агенција на Република Србија и вклучени се и партнер училиштата, Техничката школа од Пирот, Република Србија како координатор и 1st EPAL of ELEFTHEROUPOLI, Eleftheroupoli од Република Грција.
 
„Проектот е од Еразмус+ КА210-VET проект – мали партнерства за 2023 година и е наменет за учениците од Машинската струка – Техничари за компјутерско управување. Преку проектот учениците и наставниците имаат можност да разменат знаења и искуства и да развијат заеднички производи со ученици од други земји. Главната цел на проектот е да се развие силна основа во дигиталното моделирање за да можат учениците и наставниците да користат алатки и компјутерски софтвери, како и да научат дел од креативните и техничките вештини кои се кријат зад уметноста на 3Д светот.
 
Практичната материјална цел на проектот е учесниците да изработат дидактички материјал, и тоа: Прирачник за ЗД моделирање и печатење; Прилагоден прирачник за ученици со потешкотии во учењето; Курикулум за 3Д принтање и Изработка на веб платформа наменета за 3Д печатење.
Проектот се реализира од 01.10.2023 до 31.03.2025 година со три мобилности во трите држави. Секоја мобилност има посебна тема на работа.
 
– Техничката школа, Пирот, Србија – „From idea to 3D model” („Од идеја до 3Д модел“) (5 работни дена – февруари, 2024)
– СОУ Гоце Делчев Валандово – „Convert and Print” („Конвертирај и печати“) (5 работни дена – април, 2024)
– 1st EPAL of ELEFTHEROUPOLI, Eleftheroupoli – „3D printing inindustry” (Индустријата на 3Д печатењето“) (5 работни дена – октомври, 2024)
 
Првата мобилност „From idea to 3D model” („Од идеја до 3Д модел“) се реализираше во Техничката школа во Пирот, Република Србија од 05 до 09 февруари 2024 година.
Втората мобилност од проектот „Convert and Print” („Конвертирај и печати“) “) се реалиизира деновиве, поточно од 25 до 29 март 2024 година, токму во СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово.
Третата мобилност ќе биде реализирана на тема „3D printing inindustry” (Индустријата на 3Д печатењето“), во текот на октомври месец 2024 година во 1st EPAL of ELEFTHEROUPOLI, Eleftheroupoli од Република Грција.
 
„3Д печатачите можат да печатат работи како мали играчки и корисни мали уреди сè до целосни архитектонски модели и алатки кои одговараат на секоја софистицирана и понапредна потреба.
3Д печатењето ќе го промени светот со тоа што ќе влијае на намалување на климатските промени: со 3Д печатењето ќе се рециклира!!!, пластиката, металите и хартијата ќе станат „мастилото“ што го користат печатачите. И 3Д печатењето е процес кој користи помалку енергија и од конвенционалното рециклирање, и од традиционалното производство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *