СОУ „БОГДАНЦИ“ ГО ПРОСЛАВИ ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО

WEB Телевизија во живо

СОУ „Богданци го прослави својот патронен празник. На 9-ти март 2006 е донесена одлука на Владата за осамостојување на СОУ “Богданци” Богданци како самостоен правен субјект. Во СОУ „Богданци“-Богданци денес се одржува настава во следниве струки: гимназија, градежно-геодетска, сообраќајна струка, текстилно-кожарска струка и здравствена струка.
 
По повод патрониот празник, директорката на СОУ „Богданци“, Росица Шабанова ќе напомене:
„Нашето 26-годишно работно искуство како воспитно-образовен субјект е доказ дека заедничките заложби, ангажмани, посветеност и кариерен развој, СОУ „Богданци“ го водат кон сѐ поголема афирмација. Станавме училиште со современ образовен процес кое нуди поддршка на ученичките права и мултикултурализмот, инклузивноста, ефективноста, здравјето, сигурноста и безбедноста. Заеднички се движиме кон реализирање на нашата визија да создадеме ефективно и модерно училиште во кое ученикот и неговите потреби ќе бидат во центарот,преку интерактивна соработка меѓу учениците, наставниците и родителите.
 
Патрониот празник учениците, наставниците и родителите го одбележата со Свечена приредба во Домот на културата „Бранд Петрушев“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *