САШКО КЕДЕВ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Проф .Д-р. Сашко Кедев, на покана на ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија, во големата сала на Народниот Театар во Гевгелија ги презентираше своите искуства, размислувања и спортски достигнувања при искачувањето на осум светски врвови над 8.000 метри.
Само во текот на 2023 Кедев се искачи на три вакви врвови, а пет врвови искачи во 2009, 2021 и 2022 година.

– Годинава имав можност да се искачам на три нови врвови над осум илјади метри. Тоа беше Анапурна (8091мнв, Непал) на 15 април, Нанга Парбат (8126мнв, Пакистан) на 2 јули и Чо Ју (8188мнв, Тибет, Кина) во Тибет, Кина на 2 октомври. После една недела бевме и на Шишапангма (8013мнв), тоа е единствениот од врвовите над осум илјади метри коишто е комплетно се наоѓа во Кина. За жал стигнавме само до 7600 мнв, бидејќи се случила две големи лавини во коишто загинаа четири лица, две планинарки од САД и двајца шерпаси и ние мораше да ја прекинеме таа експедиција. Меѓутоа, тоа беше дополнително искуство во овие многу карактеристични услови, изјави Кедев, истакна Кедев во своето излагање.
 
„Јас сум од тој тип на искачувачи кои користи кислород, дополнителен кислород. Не сум од тие што одат без кислород. Сметам дека тоа е многу ризично за здравјето и за мозокот како орган. Тие услови на хипоксија и од тие причини јас претпочитам да се искачувам со дополнително количество на кислород. Останатите врвови секој си има свој предизвик. Во јули искуството во Пакистан за мене потврди дека Нанга Парбат е најтешкиот врв. Сметав дека после искачувањето на К2 минатата година и Анапурна пролетва дека тоа е можеби најтешкото. Меѓутоа Нанга Парбат се покажа според мене и според многу други коишто беа на тоа искачување, меѓу кои и повеќе шерпаси најтешкиот од сите врвови над осум илјади метри посебно тој еден стрмен дел, којашто е составена од три различни, ги викаат „Три степс“, коишто се многу технички предизвикувачки, и се едни од најголемите ризици, образложи Сашко Кедев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *