ПРОЛЕТТА ОВАА ГОДИНА ЗАПОЧНУВА ВО СРЕДА, 20. МАРТ ВО 04.06 ЧАСОТ

WEB Телевизија во живо

Со доаѓањето на топлото време, отворањето на кафулињата на отворено и почетокот на сезоната на алергии, за многумина пролетта се чини веќе започна. Меѓутоа, во Македонија, како и во остатокот од Европа, пролетта официјално започнува на денот на рамноденицата, односно кога денот и ноќта се со иста должина.
Годинава пролетта ќе започне на 20 март,точно во 04.06 часот, а ќе трае до 20 јуни кога започнува летото. По зимата, часовникот се движи кон летно сметање на времето.
 
Додека на северната хемисфера е пролет, на јужната хемисфера е есен и обратно, така што нема датум за почеток на оваа сезона кој би бил универзален за сите делови на светот.
Пролетта започнува во Македонија секоја година со преминувањето на Сонцето на северната хемисфера. На тој ден сонцето ќе изгрее на исток и ќе започне рамноденицата, односно и денот и ноќта ќе траат точно 12 часа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *