ОТВОРЕНИ ПРОСТОРИИТЕ НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија вчера вечер ги отвори просториите на Општинската организација во Гевгелија. Пред присутните членови и симпатизери на Движењето се обратија претседателот на Општинската организација на ЗНАМ во Гевгелија и Максим Димитиревски, претседател на ЗНАМ и кандидат за претседател на Македонија на претстојните претседателски избори.
 
Ангел Купанов, во своето обраќање истакна дека ЗНАМ како движење нема да дава празни ветувања, туку ќе работи за доброто на Македонија и нејзините граѓани. Вратите на овие наши простории, кои вечерва ги отвараме, потенцираше тој, ќе бидат отворени за сите граѓани на Општина Гевгелија во секое време.
 
Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, откако се заблагодари за големото присуство на членовите и симпатизерите истакна:
„Сакам да ја пренесете оваа позитивна енергија кај секој ваш сограѓанин и да им кажете дека на македонската политичка сцена се раѓа нешто ново ЗНАМ е движење коешто всушност е формирано за граѓаните. До вчера граѓаните велеа сите се исти. Мора да потенцирам дека ние не сме исти. Нас не нѐ спојува ниту материјален, ниту финансиски, ниту каков било друг интерес. Нас нѐ спојува само единствениот интерес, а тоа е наша Македонија. Бидејќи ако продолжи оваа тортура којашто се случува во моментов и од едната и од другата страна, за жал ќе ни остане Македонија само на хартија, а нивните џебови дополнително полни. Затоа обичниот човек мора да се одважи на следните избори и масовно да излезе и да даде поддршка не само на ЗНАМ, туку на сите нови политички субјекти.
 
Моја цел е, потенцираше Димитриевски, доколку бидам избран за Претседател на Република Македонија, Македонија да биде управувана од владата, но контролирана од претседатело, а мојот долг како претседател, ќе биде долг единствено кон обичниот граѓанин и кон сите оние коишто застанале зад мојата кандидатура.
На изборите ќе водиме позитивна кампања. Нашата кампања ќе нуди соодветни решенија, а другите нека си ги вадат црните работи и имаат обврска да ја разматат барата којашто ја заматија во целост – рече Димитриевски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *