НОВА ПОБЕДА НА КК „ГЕВГЕЛИЈА“. ИАКО ОСЛАБЕНИ, НА ГОСТУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ СОВЛАДАНА Е ЕКИПАТА НА КК „ФЕНИКС“

WEB Телевизија во живо

Во денешното 17-то коло, првопласираната екипа во Третата кошаркарска лига-Исток, КК „Гевгелија“ гостуваше во Скопје, каде се сретна со солидната екипа на КК „Феникс“, и ја постигна својата 13-та победа. Резултатот е 66-71 за гевгеличани, но натпреварот беше исклучително тежок, и беше решен во последните минути.
Како што ни изјави тренерот Алексовски, екипата настапила без четворица стандардни првотимци, Јордан Кузманов, Павле Иванов, Венко Јанчев и Ѓорги Шутаров, но тоа не беше пречка и во овој натпревар останатите играчи да го дадат својот максимум и да постигнат значајна победа. Во наредното коло, гевгеличани во салата 26-ти Април ќе се сретнат со претпоследно пласираната екипа на Овче Поле.
На табелата КК „Гевгелија е на првото место со скор 13 победи и 3 порази, додека на второто место е екипата на „Бутел“ со 12 победи и 4 порази.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *