НЕГАТИВЕН ПРИРОДЕН ПРИРАСТ ОД -34 ВО ГЕВГЕЛИЈА ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ НА 2023 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Во Општина Гевгелија бројот на живородени деца во четвртиот квартал од 2023 година изнесувал 39 додека таа бројка во истиот период во 2022 година изнесувала 43 живородени деца. Во истиот период, бројот на починати лица во Општината е 73 лица, за разлика од истиот период во 2022, кога таа бројка изнесувала 61 починато лице.
 
Природниот прираст во Општина Гевгелија е – 34, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Инаку, бројот на живородените деца во Македонија во четвртото тримесечје од 2023 година изнесува 4.185 и во споредба со истиот период од 2022-ра година, е помал за 4.5 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
 
Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани е 5.028 лицa, што е за 1,5 % помалку од 2023 година.
Природниот прираст е негативен – 843 лица, што значи за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *