НА 40-TA СЕДНИЦА, СОВЕТОТ ЌЕ РАСПРАВА ПО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И АКТИ ОД ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија ќе заседава на 13 март 2024 година, одржувајќи ја својата 40-та седница.
На оваа седница, Советот ќе расправа по Извештајот за работа на Градоначалникот на Општина Гевгелија за 2023 година, како и по акти поврзани со финансиското работење на локалната самоуправа – Предлог Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, за периодот 01.01 – 31.12.2023 година кумулатив и Предлог-Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година.
 
Исто така, на 40 седница, Советот ќе ги разгледува Годишните завршни сметки на образовните и културните институции и Годишната завршна сметка на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *