ГРАЃАНИТЕ, ДО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА МОЖЕ ДА ДОСТАВАТ БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТИ ОД НЕВРЕМЕТО

WEB Телевизија во живо

Во текот на вчерашниот ден, Гевгелискиот Регион беше зафатен од невреме проследено со дожд и град. Поради тоа, од денеска, граѓаните кои претрпеле штети можат да поднесат барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија. Во прилог на барањето, коешто треба да се подигне од пултот на влезот во општинската зграда, граѓаните треба да достават имотен лист, договор за закуп, документи за машини или опрема, документи за жива стока или други документи, во зависност од тоа што е оштетено и копии од лична карта и трансакциска сметка. По што, согласно законските прописи, Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата ќе постапи по доставените барања.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *