СОНОТ И СЕ ОСТВАРИ. ГЕВГЕЛИЧАНКАТА МИХАЕЛА ПОПОВА ЌЕ ИМ СУДИ НА НАЈДОБРИТЕ СВЕТСКИ ТЕНИСЕРИ!

WEB Телевизија во живо

Во последните години како и во другите спортови сè повеќе и повеќе имаме женски судии кои судат тениски мечеви и делат правда на големи натпревари. Да ги споменеме од регионот, Маријана Вељовиќ од Србија која има судено 10-тина финалиња и Марија Чичак, првата жена која во 2021-ва судеше машко финале на Wimbledon. Од нашата земја, Анета Павловска, сега Деспотоска, од Битола, која судела и на Вимблдон. Кон нив од пред некој ден им се придружи и гевгеличанката Михаела Попова, завршен физиотерапевт на Медицинскиот факултет во Скопје.
 
24 годишната Михаела Попова од Гевгелија, полека го остварува својот дамнешен сон, и од линиски судија низ турнирите по светот, пред три дена положи за судија на стол – односно бела значка на интернационалното училиште кое се одржа во Париз, Франција. Со ова таа стана главен судија со меѓународна лиценца. Ова ќе и овозможуи да суди на професионални меѓународни сениорски турнири (ITF Futures, ATP Challengers).
Михаела потекнува од спортско семејство, нејзиниот татко, Венци Попов, беше интернационален ФИДЕ мајстор и три пати едно по друго младински првак на Македонија во шах, со што станува еден од најдобрите македонски шахисти во поранешна Југославија.
 
Инаку, Михаела на 12 години почнува да тренира тенис, благодарејќи на нејзиниот брат Душан, кој и бил и тренер во Тенискиот клуб „Круна“ во Гевгелија. Поради него исто така и се создава желбата да стане и тениски судија.
На крај, и посакуваме на Михаела да биде успешна како на полето на медицината, така и како делител на правдата на тениските натпревари. Да има и натаму силна воља , добар вид, и што поскоро да ја видиме качена на столот крај тениската мрежа на некој од големите светски тениски турнири.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *