ДОНИРАНА ЗДРАВСТВЕНА ОПРЕМА ВО ГЕВГЕЛИЈА ОД ХОЛАНДИЈА/МИКРОДОНИА СО ПОСРЕДСТВО НА „CHANGEMAKERS4ALL“

WEB Телевизија во живо

Здравствена опрема наменета за Општата болница во Гевгелија, Физикална терапија ЈЗУ Негорци , Психијатриска болница Негорци, и три основни училишта во општина Чашка, пристигна деновиве во Гевгелија.
За физикална терапија се донирани електрични кревети за дигање/спуштање на пациентите кои имаат тешкотии со седнување, станување, други кревети за поединечни делови од телото, тегови, ленти за одење и многу други справи.
Во Општата болница Гевгелија се донирани метални и дрвени маси, бироа.
Во психијатриска болница е донирана опрема за забава и спорт за пациентите, како и облека, постелнина, пешкири, столови.
За училиштата од општина Чашка се донирани клупи, маси, столови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *