ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН НА ВЕРНИЦИТЕ НА РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА

WEB Телевизија во живо

Верниците на Римокатоличката црква и другите западни цркви кои времето го сметаат според Грегоријанскиот календар, го слават Велигден, најрадосниот христијански празник, кој е суштината на христијанската вера – победата на животот над смртта.
 
Како и според православното верување, за Велигден се бојадисуваат јајца како симбол на Христовото воскресение, а првото јајце што се варат обично се бојадисува црвено, што е симбол на Христовата крв и се чува во текот на целата година како чуварско јајце.
 
Во Македонија традиционално централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше отслужена Воскресна литургија која ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *