21 МАРТ-МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ШУМИТЕ:

WEB Телевизија во живо

Денеска го одбележуваме 21 Март – Меѓународниот ден на шумите. Како добра од општ интерес шумите треба одржливо да се управуваат и заштитат од пустошење.
Македонија спаѓа во средно пошумените земји, официјално некаде околу 47 проценти во државата е под шума и шумско земјиште. Нелегалната сеча во земјата претставува сериозен и долгорочен проблем, којшто го доведува во прашање одржливото управување со шумите.
Од 2001 до 2019 година, Македонија изгубила 38.6 илјади хектари шума, поради бесправна и прекумерна планска сеча на дрва. Проценките се дека нелегалната сеча се движи околу 25-30% од вкупно исечената дрвна маса. Се смета дека шумската мафија заработува и до 25 милиони евра годишно од нелегалното сечење дрвја.
Од Инспекторатот за шумарство велат дека имаат волја, но кубурат со стручни кадри, пред се со шумски чувари, како и со возила и со инспектори. На целата тероторија на земјата има 14 шумарски инспектори, како и шест возила за на терен. А, тие се далеку од доволни за да се следи целата територија.
Затоа, тие бараат школовани кадри,

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *