ЗГ „ПОДДРШКА“ ОРГАНИЗИРАШЕ РАБОТИЛНИЦА СО ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

WEB Телевизија во живо

Вчера, среда, 31.01.2024 година, ЗГ,,Поддршка,, реализираше работилница со здруженијата на лица со попореченост од општина Гевгелија. Работилницата на тема дискриминација и насилство е дел од серијата работилници кои се одржуваат во рамките на проектот ,,Еднакви права за сите,, на ЗГ Подршшка кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2-RELOAD 2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обидинетите нации (УНДП).

 Проектот ,,Еднакви права за сите,, е кофинансиран од општина Гевгелија. На работилницата активно учество зедоа претставниците на сите здружија на лица со попреченост, се дискутираше на теми кои ги засегааат овие лица и нивните семејства: предрасудите и бариерите со кои секојдневно среќаваат, кои се недостатоците на системот и како функционира во пракса, што значи да се биде родител на дете со попореченост, изложеност на повеќратна дискриминација во сите области на општествениот живот (образование, вработување и сл), недостапност на јавни објекти и површини, изложеност на насилно однесување од опкружувањето, жените со инвалидитет се двоструко дискриминирани и се соочуваат со многубројни бариери во остварување на своите права како и со различни видови на родово базирано насилство.

 Како заклучок што го понесовме од оваа работилница е дека поради негрижа и невнимателност на општеството и социјалното опкружување, поради социјална изолација и неинформираност, предрасуди на средината и повеќекратна дискриминација, лицата со попреченост не успеваат рамноправно да се вклучат во секојдневните општествени текови, што влијае на квалитетот и начинот на живот пред се на самите лица со попреченост а потоа и на останатите членови на нивните семејства особено на родителите.
Затоа е важно да го поставиме следното прашање: ,,Кои се последиците од овој став и каква разлика би имало да се размислува во светлината на потенцијалот и ресурсите,,

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *