ЗА МНОГУ ГОДИНИ СВЕТИ ТРИФУН-ЗАШТИТНИК НА ЛОЗАРИТЕ И ГРАДИНАРИТЕ

WEB Телевизија во живо

Денес се празнува Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите.
Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана којашто не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите.
(Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче…)

Според верувањата во гевгелиско, што ги запишал С. Тановиќ, свети Трифун бил винар и имал многу лозја. Поради тоа што овој крај се наоѓа на југ и пролетта побргу се чувствува се сметало дека од овој празник почнува да мириса на лето па се велело: „Свети Трифун сече ама на лето мирисе“. Од овие причини, на овој ден се започнувала работата во полето, особено во лозјата и бавчите. Жените, пак, на овој ден ништо не работеле особено избегнувале работа со игла. Попладнето оделе во полето каде што береле зелје зашто се верувало дека на тој ден треба да се касне зеленило.
 
Во народот постојат повеќе приказни во врска со тоа како св. Трифун си го пресекол носот. Во преданието од гевгелиско се раскажува дека свети Трифун и Богородица биле брат и сестра. Еднаш кога Трифун работел во лозјето Богородица тргнала низ полето да бере зелје. Берејќи запеала, Трифун слушајќи го гласот не познал дека тој е од Богородица, па се провикнал: „Ох, ох, ох“. Слушајќи го тоа провикнување Богородица го познала дека е гласот од нејзиниот брат и помислила дека тој си го пресекол носот и дека затоа вика. Отрчала дома, зела крпи и побрзала да му ги однесе за да си го врзе носот. Но кога пошла таму и му кажала што помислила тој рекол: „Јас вака режам, а не вака“. Притоа покажувајќи како го правел тоа, навистина си го пресекол носот. Народот мисли дека Господ го казнил затоа што се провикнал кон својата сестра мислејќи дека е туѓа жена.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *