РЕВИЈАЛНИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕЌАВАЊЕ НА МЛАДИОТ КОШАРКАР НА КК „КОЖУВ“-ИВАН ПЕНОВ

WEB Телевизија во живо

Денес, 19.02. 2024 година се навршуваат три години од трагичната смрт на младиот кошаркар на КК „Кожув“, Иван Пенов. По тој повод , во негова чест, кошаркарскиот клуб и младите таленти од школите на КК „Кожув“, во спортската сала „26 Април“ ќе одиграат два пријателски натпревари. Првиот натпревар ќе го играат М-16 тимот на „Кожув“ против тимот на Спортисимо со почеток од 18:00 часот , додека во вториот натпревар М-18 тимот на КК „Кожув“, кој се натпреварува во првата младинска лига ќе се сретне со тимот на МЗТ Скопје со почеток од 20:00 часот. Пред почетокот на вториот натпревар на семејството Пенови ќе им биде врачен дрес со неговото име.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *