РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ГИ ПОКАЧУВА ЦЕНИТЕ НА ВОДНИТЕ УСЛУГИ

WEB Телевизија во живо

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија до ЈПКД „Комуналец“-Гевгелија ги достави новите Решенија за утврдување на тарифи за водни услуги за новиот регулиран период од 2024 до 2026 година кои веќе се објавени во Службен весник на Р.М. бр.22 на ден 30.01.2024 година.
 
Со Решението за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење, утврдени се просечни тарифи во износ од 26,27 ден/м3 за 2024 година, 27,11 ден/м3 за 2025 година и 27,60 ден/м3 за 2026 година.
 
Со Решението за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води, утврдени се просечни тарифи во износ од 7,64 ден/м3 за 2024 година, 8,24 ден/м3 за 2025 година и 8,95 ден/м3 за 2026 година.
 
Со Решението за утврдување на тарифа за прочистување на отпадни води, утврдени се просечни тарифи во износ од 16,13 ден/м3 за 2024 година, 17,45 ден/м3 за 2025 година и 18,55 ден/м3 за 2026 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *