ПРИСТИГНА ПРВИОТ ШТРК ВО МАКЕДОНИЈА, СЕ РАЗБИРА ПРЕКУ „ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН“ ВО ГНЕЗДО ВО БОГОРОДИЦА

WEB Телевизија во живо

Првиот штрк веќе пристигна во Македонија и тоа во Богородица, гевгелиско. Тоа го обелодени Драгица Станојковиќ, жителка на ова место.
Таа вели дека тој пристигнал вчера утротото и си го зафатил гнездото, што се гледа од фотографијата што ја испратила.
Штрковите, како и ластовичките, се предвесници на пролетта. Овој пат, првиот штрк задоцнил четири дена, бидејќи минатата година тој пристигнал на 23 февруари.

Гевгелискиот регион, посебно селата Богородица и Стојаково кои се опкружени со вода и изобилство од храна, се сметаат за места со најголем број штркови во нашата земја за кои веќе почна да се води и посебна грижа поради податокот што нивниот број кај нас и во Европа, според последните пребројувања, покажува тенденција на намалување.
За овие преселни птици се вели дека гнездата ги прават само во еколошки чисти средини. Кај нас штрковите се задржуваат до средината на месец август, а повторно на југ се враќаат по празникот Макавеј.
 
Штркот освен како дел од македонското орнитофауна, е значаен дел и од македонскиот фолклор и култура. На пример, едно од најпрепознатливите и уникатни македонски дела е „Силјан Штркот”, од Марко Цепенков.
Доаѓањето на штркот е поврзано и со враќањето на пролета, како почеток на новата година, симболика која се пренела од старословенската култура до денес.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *