ПОЧИНА ПЕТКО СМИЛКОВ, ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Денес почина Петко Смилков, поранешен Градоначалник на Општина Гевгелија, во периодот од 2000 до 2005 година. Смилков е роден на 4 септември 1950 година во Ново Конско, од прво до четврто одделение учи во своето родно место, додека од петто до осмо во „Крсте Мисирков“. Средното образование го завршува во СОУ „Јосиф Јосифовски“, и потоа се запишува на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, на Природно-математичкиот факултет. По завршувањето на факултетот, станува професор по математика во СОУ „Јосиф Јосифовски“. Десет години, од 1989 до 1999 година беше Директор на ова средно училиште. Во текот на својот живот обавувал поголем број на функции, а како Градоначалник остави зад себе, со својата, и работата на своите соработници значајни проекти во градот и во населените места.
Посмртните останки на Петко Смилков ќе бидат изложени во капелата од 11 до 12 часот, а погребот ќе се изврши на Градските гробишта во Гевгелија во 12 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *