ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА „СОВЕТИ ОД СТАРИТЕ ЗА МЛАДИТЕ“

WEB Телевизија во живо

Фондација Аполонија во рамки на проектот „Доживување на втора младост во трето доба“ организира дводневен настан Панел дискусија на тема: „Совети од стари за млади“. За таа цел се ангажирани панелисти, искусни лица пред пензионирање или активни пензионери успешни во својата област кои на оваа дводневна панел дискусија пред младите ќе го пренесат своето богато искуство, знаење и вештини.

Дводневниот настан Панел дискусија се реализира во два дена односно на 27 (вторник) и 29 (четврток) февруари. На првиот ден, денеска, вторник, 27 февруари, панелисти беа Кирил Јанишлиев, новинар, Ѓорги Улишев, дипломиран, сликарот, Боро Петров и Лазар Раманчев, од областа на техничките науки.
Овие сегашни пензионери несебично ја споделија својата богата експертиза со младите од СОУ „Јосиф Јосифовски“, и скоро сите истакнаа дека младите треба да ја одберат својата професија во животот која ќе ја работат со љубов и која ќе им го исполнува нуивниот живот.
 
Проектот „Доживување на втора младост во трето доба“ на Фондацијата Аполонија, кој што се се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Доживување на втора младост во трето доба“ е кофинансиран од Општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *