ОВОЈ ФЕВРУАРИ ЌЕ ИМА 29 ДЕНА. 2024 Е ПРЕСТАПНА ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

2024 е престапна година. Тоа се случува обично секоја четврта година. Последен пат беше во 2020 година, а следен ќе биде во 2028 година. Поентата на престапната година е да помогне во прилагодувањето на грегоријанскиот календар со соларниот календар и да осигура дека на навреме ќе ги прославуваме соларните настани како што се пролетната или есенската рамноденица секоја година.
 
Една година трае 365 дена, 5 часа, 45 минути и 46 секунди. Тие додатни 5 часа и неколку минути, за кои никој не сака да зборува, се всушност причина зошто имаме престапни години.
Годината со 366 дена се јавува на секои 4 години, поттикнувајќи ги жените да ги запросат мажите и прави родендените да бидат многу збунувачки за одреден број луѓе.
Во светот има околу 4 милиони луѓе, родени во последниот ден од февруари во престапна година. Тоа е еквивалентно на околу 0,0686% од населението на Земјата. Обично тие го слават својот роденден или претходниот ден, на 28 февруари, или на 1 март.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *