ОО ЦРВЕН КРСТ ГЕВГЕЛИЈА ОБЈАВИ АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВО ОД ГЕВГЕЛИЈА ЧИЈ ДОМ БЕШЕ ОПОЖАРЕН

WEB Телевизија во живо

По пристигната информација за немилиот настан од пред два дена – пожар кој го зафати домот на едно семејство во Гевгелија, стручната служба при ОО Црвен крст Гевгелија го посети семејството и ги увиде потребите по несреќниот настан.
Тие објавија апел за помош преку донација на
I. Зачувана, чиста и нова облека за:
– 2 машки деца на возраст од 15 години величина М
– 1 машко дете на возраст од 10 години величина S
– 1 возрасно машко лице (XL/2XL величини) и 1 возрасно женско лице (M величина)
II. Храна со подолг рок на траење и конзервирана храна, како и средства за хигиена
ООЦК Гевгелија ги отвара вратите за донации за сите физички и правни лица во текот на денешниот ден.
Дополнително, во текот на денов ќе бидат поставени КУТИИ ЗА ДОНАЦИЈА НА ПАРИЧНИ СРЕДСТВА на повеќе локации во градот.
Ги повикуваме сите наши сограѓани да се вклучат во апелот и да ја дадат својата поддршка на хуманата мисија!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *