„ЉУБОВНА ТЕРАПИЈА“ ВО НАРОДНИОТ ТЕАТАР ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

„Љубовна терапија“ во Гевгелија. Кумановски театар ќе гостува со комедијата „Љубовна терапија“ во Дом на култура „Македонија“ на 15.02 (четврток) со почеток од 19.30 часот. Билетите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник 12.02 во просториите на домот по цена од 150 денари.
 
Во претставата играат: Владанка Крстевски, Александра Михајловска Величковски, Марко Трајковиќ, Жарко Јовановиќ и актерите гости Никица Јанковски и Матеј Стојковски. Костимографијата е на Драгана Таневска, сценографија Крсто Богојевски, драматургија Симона Тоскиќ.
 
Претставата „Љубовна терапија“, работена според оригиналниот наслов „Beyond therapy” на Кристофер Дјуранг, е модерна комедија која ги прикажува луѓето во дваесет и првиот век кои ги користат апликациите за запознавање за да дојдат побргу до својот посакуван партнер. Претставата изобилува со динамични моменти во кои публиката ќе ужива преку разните ситуации во кои ќе се најдат ликовите сакајќи да се „излечат “од својата љубов, страст и зависност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *