ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО Е ПОСИЛНО, ВИНОТО ИЛИ ЖЕНАТА?

WEB Телевизија во живо

Секогаш кога доаѓа свети Трифун тема се виното и задоволствата што им ги дава на луѓето. Мене често ме потсетува на една библиска приказна. стара над две илјади години, опишана нашироко во Стариот завет од Светото писмо, во Втората книга Ездра.

Еден од најголемите непријатели на великиот Александар Македонски, персискиот цар Дариј, пред да ја почне војната против македонската фаланга, приредил голема гозба за своите поданици, за своите домашни и за сите големци од Индија до Етиопија, сатрапии каде што владеел. Гозбата како гозба, се јадело, се пиело. Уморен, царот отишол на спиење. Тројцата млади телохранители што го чувале дошле на идеја и се договориле секој да напише по еден збор за тоа што е најсилно од сѐ на светот. Тоа што го напишале да го прочита царот и на оној за кого ќе оцени дека неговиот збор е најмудар да му бидат дадени големи признанија и подароци, злато неброено.
За оваа приказна се битни вториот и третиот телохранител.

Првиот напишал: „Од сѐ најсилно е виното.“ Третиот напишал: „Посилни се жените, но над сѐ победа однесува вистината.“
Тоа што го напишале го ставиле под перницата на царот и со возбуда чекале да го чујат царевото мислење. Кога тој се разбудил, го прочитал напишаното, наредил да се повикаат сите персиски големци, сатрапи, воени началници и советници. Пред сите нив во палатата побарал од телохранителите да објаснат зошто ги дале тие одговори.

Почнал првиот, кој напишал дека е најсилно виното. „О мажи, рекол тој, многу е силно виното. Тоа доведува до помрачување на умот на сите што го пијат. Таа напивка го изедначува умот на царот и на сиромавиот, на робот и слободниот, на бедниот и богатиот. Виното го претвора сечиј ум во радост и веселба, па човек заборава секаква жалост и секаков долг. Сите срца ги прави богати, така што никој не мисли ни за царот, ни за сатрапот, а секого го прави да зборува за своите пари. Кога ќе се напијат мажите, го забораваат пријателството, кон пријателите и браќата и веднаш вадат нож, а кога ќе се отрезнат не помнат што правеле. О мажи, извикал тој, нели од сѐ е најсилно виното, штом тера на такви постапки.“

Потоа говорел и третиот, кој напишал за жената и вистината. Почнал да објаснува: „Голем е царот, големи се и многу луѓе, моќно е виното. Но кој господари над нив и кој владее со нив? Нели се тоа жените? Од нив се родени и од нив се одгледани оние што садат лозја, од кои се прави вино. Луѓето не можат без жени. Ако мажите соберат злато и сребро и секакви скапоцености, а потоа видат жена добролична и убава, оставаат сѐ, се спуштаат кон неа, ја гледаат со отворена уста и сите се прилепуваат кон неа, повеќе отколку кон златото, среброто и скапоценостите. Човекот ги остава таткото свој, кој го воспитал, и земјата своја и се прилепува кон жената своја и заборава и татко и мајка. Многумина полудувале поради жени и станувале робови преку нив, многумина загинале, пропаднале и згрешиле заради жени. И царот се плаши од жената: ако таа му се насмевне, се насменува и тој, ако пак му се налути, тој ја милува, за да биде добар со неа.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *