„БИТЛСИ“ ЗА ПРВ ПАТ ВО АМЕРИКА:

WEB Телевизија во живо

КАКО СЕ ОСВОЈУВА СВЕТОТ БЕЗ ИСПУКАН КУРШУМ, ТУКУ СО МУЗИКА.

„Битлси“ на 7 февруари 1964 година пристигнаа во Америка за прв пат, а ги пречекаа 4.000 хистерични тинејџери.
Велат дека светот не може да се промени за еден ден. Но, на 7 февруари 1964 година, светот се промени! Со летот број 101 на „Пан Американ“, Битлси слета во 13.20 часот на аеродромот „ЏФК“ во Њујорк, каде ги пречекаа 4.000 хистерични тинејџери, 200 новинари и повеќе од 100 полицајци Терминалите беа преполни со млади луѓе кои возбудено плачеа и врескаа, а Том Волф, кој го следеше настанот за Хералд трибјун, забележа дека некои девојки се обидоа да се фрлат преку потпорниот ѕид.

– Имав чувство дека огромен октопод зграпчува авион со пипалата и не влече кон Њујорк – коментираше тапанарот Ринго Стар во документарниот филм „Антологија на Битлси“. – Не можевме да веруваме што се случува. Седевме во автомобилите, под силна полициска придружба и зачудено гледавме како тинејџерките се гушкаат наоколу и се фрлаат на автомобилот.

Џон Ленон, Пол Мекартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар го прилагодија звукот на американскиот рокенрол според нивниот стил и успеаја да создадат уникатна музика. Тие пристигнаа во Америка 77 дена по атентатот врз претседателот Кенеди, додека земјата сè уште беше во депресија, а загриженоста за војната во Виетнам растеше. Со својот талент, шарм и енергија, Битлси го сменија тоа.

Два дена подоцна, на 9 февруари, Битлси за прв пат настапија во Америка, во познатото шоу на Ед Саливан. Иако театарот „Максин Елиот“ на Бродвеј, од каде се емитуваше претставата, имаше само 700 места, организаторите добија дури 50.000 барања за билети. „Битлси“ отпеаја пет песни во живо, вклучувајќи ги „I want to hold your hand“, „She loves you“ и стандардниот „Til there was you“. Шоуто го гледале 73 милиони Американци или половина од домаќинствата кои тогаш поседувале телевизор.
 
Првиот американски концерт Битлси го одржаа на 11 февруари во Колосеум во Вашингтон и на 12 и 13 февруари во Карнеги Хол во Њујорк. Тие се вратија во родната Англија на 22 февруари и во август 1964 година повторно дојдоа во Америка на турнеја. Тие се единствените на планетата кои го освоија целиот свет, без ниту еден истрел.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *