БИЕНАЛНАТА ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ „СКИЦИ 2022“ ГОСТУВА ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Дом на култура „Македонија“ во соработка со НУ „Музеј“ – Гевгелија ви ја најавуваат изложбата на цртежи. Изложбата ќе биде поставена на 04.03 2024 во уметничката галерија АМАМ во Гевгелија, а нејзиното отварање е закажано за 19.30 часот.

Осмото издание на биеналната изложба на цртежи „Скици 2022“, проект на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, претставува континуиран напор за реализација на идејата – цртежот како ликовна дисциплина и понатаму да биде актуелизиран и промовиран пред пошироката публика и ликовната критика.
 
На изложбата учествуваат следните академски ликовни уметници: Зоран Јакимовски, Мухамедали Алили, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Дејан Арсовски-Бабата, Зоран Арсовски-Бабата, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Ана Јовановска, Валентина Илијевска, Стефан Анчевски, Марија Величковска и Симона Димковиќ

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *