110 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ДОКТОР АЛЕКСАНДАР СИНГЕР- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕВГЕЛИСКОТО ЗДРАВСТВО

WEB Телевизија во живо

М-Р АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ ЈА ЗАВРШИ БИСТАТА ВО ГИПС КОЈА ТОЈ, СО СВОЕТО СЕМЕЈСТВО ЌЕ ЈА ДОНИРААТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА.
 
СО ПОСТАВУВАЊЕ НА БИСТАТА ВО ДВОРОТ НА ОПШТАТА БОЛНИЦА, ГЕВГЕЛИЈА ДОСТОЈНО ЌЕ МУ СЕ ОДДОЛЖИ НА СВОЈОТ ОМИЛЕН „ДОКО“
 
Гевгелискиот уметник м-р Александар Јанев, кој своето име го добил токму според легендата и доајенот на гевгелиското здравство, Александар Сингер, ја заврши изработката на бистата во гипс на омилениот „доко“. Тој, заедно со своето пошироко семејство, истата ќе ја донира на Општина Гевгелија.
 
Како што е познато, во Општина Гевгелија постои одлука, бистата да биде поставена во дворот на Општата болница со посебна дејност во Гевгелија
На денешен ден пред 110 години, на 22 февруари 1914 година во Сента, Војводина, Србија е роден доктор Александар Сингер, легендата на гевгелиското здравство. Луѓето го паметат др.Сингер зошто тој целиот свој живот го посветил на својот лекарски повик, бдеејќи над животот и здравјето на своите сограѓани. Иако не бил роден гевгеличанец, со своето полувековно живеење во Гевгелија луѓето го прифатиле како свој сограѓанин.
 
Доктор Сингер потекнува од средно имотна еврејска фамилија. Основно училиште завршил во Сента, а гимназија во Суботица. Студира на Медицинскиот факултет во Белград каде и дипломира во 1939 година.Заради неговата соработка со напредните кругови на студентската младина во Белград, Сингер два пати бил затворан во злогласниот затвор Главињача. Во 1941 година, како воен лекар бил заробен од германците и бил депортиран во германнски логор каде полни четири години ја минувал голготата на својот живот, до крајот на војната.
 
Во 1945 година во Македонија имало потреба од здравствен кадар.По свое барање др.Сингер доаѓа воГевгелија, каде започнува неговиот вистински живот заедно со гевгеличани како негови сограѓани,пријатели и пациенти.
Др. Сингер не бил женет, а неговото семејство, односно неговиот втор дом во Гевгелија е семејството на Васил Јанев, каде тој го поминал поголемиот дел од животот. Васил имал три деца, а најмалиот од нив, познатиот вајар Дане Јанев ја презел грижата за Докторот се до неговата смрт.
Др Сингер има голем допринос во изградбата и развојот на Медицинскиот центар воГ евгелија. На почетокот, Сингер работел во примитивни услови со 20 болнички кревети.
 
Тој бил и педијатар, и гинеколог и акушер.Затоа го добил прекарот „народен лекар„.Одел во Серменин, Ума, Петрово, села кои во тоа време немале патишта. Му се случувало пеш да патува четири часа и да стигне во Валандово за да спаси човечки живот.Ги вакцинирал сите деца а со маларијата така речи успеал сам да се справи.
Покрај лекарската пракса, др. Сингер ќе остане запаметен кај гевгеличани и по тоа што, како активен шахист, тој бил основач на шаховскиот клуб во Гевгелија.Тој успеал во Гевгелија да ги донесе познатите шаховски велемајстори Глигориќ, Спаски, Гелер, Ивков.
Др. Александар Сингер починал на 83 години , на 2 април 1996 година. Тој и својот живот го завршил меѓу своите колеги лекари и персоналот во Медицинскиот центар во Гевгелија, каде поминал 40 години.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *