ЗА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ, OСВЕТУВАЊЕ НА ВОДИТЕ НА РЕКАТА ВАРДАР, МАКЕДОНСКИОТ ЈОРДАН, И ПОТОПУВАЊЕ НА ЧЕСНИОТ КРСТ

WEB Телевизија во живо

Гевгелиското архиерејско намесништво и годинава ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст на големиот христијански празник Богојавление – Водици 2024, што ќе се одржи, традиционално, од стариот мост кај мотелот Вардар во петок на 19 јануари во 12.00 часот.

Пријавувањето за овој чин започнува од денеска, а сите оние кои сакаат да учествуваат во пливањето по чесниот крст, задолжително да се пријават во Градските цркви во Гевгелија, најдоцна до четврток, на 18-ти јануари. Од Гевгелиското архиерејско намесништво велат дека за сите пријавени кандидати кои ќе учествуваат во Богојавленското пливање, ќе биде организиран бесплатен лекарски преглед од страна на екипи од Општата болница во Гевгелија.
 
Празникот на Богојавлението во Црквите во Гевгелија, во петок во 8:30 часот ќе започне по традиција со Света Божествена литургија, а во 10,30 часот, во дворот на Црквите ќе има Голем Богојавленски водосвет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *