ВИОЛЕТА СТОЈАНОВИЌ, ПЕДАГОГ И ПСИХОЛОГ:

WEB Телевизија во живо

„КОГА СИРОМАШТИЈАТА И НЕИЗВЕСНОСТА ВЛЕГУВААТ НИЗ ВРАТАТА, МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ И СРЕЌАТА ИЗЛЕГУВААТ ПОЛЕКА НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ“
 
Овој текст го започнувам со парафразата на популарната изрека,„ Кога сиромаштијата доаѓа на врата, љубовта излегува низ прозорецот“. Само што разликата меѓу овие две поговорки е огромна. Човек, ако ја изгуби љубовта, можно е во иднина да најде друга, но кога сиромаштијата ќе ви затропа на вратата, не само што останувате гладни, туку и го губите и менталното здравје и човечкото достоинство.
На оваа поговорка се присетив, кога пред извесно време, на една панел дискусија, економскиот аналитичар, професор доктор Бранимир Јовановиќ, изнесе фрапантен податок дека на крајот на 2023 година во Македонија имало вкупно 510 000 граѓани што се во умерена сиромаштија. Тука спаѓаат сите што имаат помалку од 200 денари на ден, што значи повеќе од четвртина од државата имаат само за голо преживување.
Ова беше повод да поразговараме со Виолета Стојановиќ, педагог во примарната заштита во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност во Гевгелија, и психолог во социјална заштита, за тоа како сиромаштијата влијае на менталното здравје кај поединецот, особено кај младите, и како да се справуваме со неа.
 
Најнапред, може ли да ни кажете каков феномен е сиромаштијата?
 
Докажано е дека сиромаштијата претставува повекедимензионален феномен.За сиромаштијата се зборувало од аспект на управување со физичкиот,човечкиот,општествениот и капиталот на опкружувањето,на начини на справување со ранливоста.Дефинициите се разликувале во зависност од родот, возраста,културата..Сиромаштијата често се дефинирала од аспект на кршење на општествените норми,од аспект на неможноста да се оди во чекор со локалните обичаи и норми.
Цели заедници се сметале за сиромашни бидејки им недостигале основни придобивки како водоснабдување, санитарни услуги,електрична енергија, патишта, наставен кадар во училиштата и многу повеќе од тоа.
Всушност,немањето пристап до сигурна надница заработена со сопствен труд било еден од главните фактори за дефинирање на сиромаштијата.Повеќе од се, сиромашните стравувале од сериозна болест во семејството и од губење приходи поради трошоци поврзани со здравјето,нешто што би можело да го доведе семејството до целосна сиромаштија.
Стапката на сиромаштија во Република Македонија посебно беше акцентирана, за време на пандемијата која ја стави земјата во тешка економска борба, нарушувајќи го здравјето и животот на луѓето. Најпогодени беа луѓето кои живеат во сиромаштија и социјална ранливост,но,се појавуваат и нови групи луѓе кои веќе се регистрираат како социјални случаи. Многу луѓе ги изгубија своите работни места заради пандемијата,а многу се задолжија со плаќање екстремно високи цени лечејќи се по приватните болници.
 
Освен на физичкото , сиромаштијата особено се одразува на менталното здравје!
 
Токму така, социјалното исклучување и психолошките трауми си го земаат својот дел. Менталното здравје посебно кај децата и младите а и пензионерите е под нивото на грижа во однос на физичкото здравје.
Во психолошките димензии на сиромаштијата, спаѓаат немоќноста, зависноста, срамот, понижувањето, неможноста да се прехранат сопствените деца, неизвесноста од каде ке биде следниот оброк, страв од експлоатација на богатите, болката на беспомошноста,цинизмот во однос на политичарите што ветуваат дела и користат поткупи или заплашувања за обезбедување свои следбеници, присиленоста да се бара помош од истите оние од кои се трпи експлоатацијата…Сето ова е проследено со последици, почнувајки од понижувања, преку загуба на честа и психолошки проблеми, па се до општествена маргинализираност и општествено исклучување. Најчесто исклучувани групи се жените,децата, старите лица, луѓето со ХИВ , хендикепираните лица ,самохраните мајки ,како и оние, што едноставно биле сиромашни.
Во една студија се вели дека сиромашните луѓе имаат до три пати поголеми шанси да страдаат од депресија или анксиозност отколку оние со повисоки примања. Исто така, луѓето со ментални потешкотии често остануваат или стануваат сиромашни бидејќи сиромаштијата влијае на различни видови на болести и обратно.
Видете, луѓето кои имаат сигурна работа и приходи не се постојано изложени на неизвесноста која води до апатија и депресија. Денес, сиромаштијата и нееднаквоста се директно поврзани со менталните состојби. Како некој да не чувствува тага и апатија кога не може да си дозволи основни работи за своето дете. Статусните позиции даваат чувство на моќ, супериорност, исполнетост, самодоверба. А, сиромашниот го мачат други работи. Ќе имаме ли со што да се стоплиме оваа зима? Дали сме едно будење поблиску до третата светска војна? Ќе имаме ли нешто да јадеме? Ова се некои од безбројните прашања кои го мачат секој од оние кои живеат во сиромаштија . Во време на инфлација, енергетска и безбедносна криза, сите тие се будат со стравови, егзистенцијални грижи.
Сиромашните семејства многу често се чувствуваат како да немаат никаква одбрана во сооченост со несигурноста и со ризиците пред кои биле исправени.
 
Дали може да ни кажете, како сиромаштијата влијае на младите?
 
Загрижувачки е тоа што сиромаштијата најмногу ги погодува младите. Имено, податоците на Државниот завод за статистика велат дека дури 30 отсто од вкупното население до 17 години живее во сиромаштија.
На децата и младите, 21 век, им наметна, без тоа тие да го сакаат, некои повисоки стандарди на личен успех, убавина и посовршен живот, кои оние посиромаМладите, поголемиот дел од своето време го поминуваат на интернет. И, тука настанува главниот проблем, особено кај оние млади кои потекнуваат од оние 30 отсто кои живеат во сиромаштија. Тие, секојдневно, на социјалните мрежи гледаат како некои нивни врсници живеат „богат“ живот, возат брзи коли, имаат поубаво друштво. Ова создава кај нив чувство на помала вредност, а со тоа веќе сме на еден чекор за создавање психички проблеми кај младиот човек.
Семејството и наставниците, според мене, се клучен елемент за зачувување на нивното ментално здравје, но, да се запрашаме, ние повозрасните, нивните родители, во таа луда трка по пари, колку време одвојуваме да бидеме заедно со нив, да ги чуеме нивните проблеми, да се обидеме да им помогнеме. Затоа треба родителите, наставниците и целокупното општество да најдат начин како да ги научиме младите на вистинските вредности, а не да се натпреваруваат во тоа, кој какви патики носи, кој каков мобилен има, и кој може, поради нивниот „родителски“ статус, секој ден да излегува и да се забавува.
 
Живееме во време на енергетска криза, економска криза, инфлација, страв од трета светска војна. Како да го зачуваме менталното здравје во овие предизвикувачки времиња?
 
Би рекла дека најважно е да научиме да се свртиме кон себе си,секојдневно, како и кон грижата за своето здравје. Барем извесен период да поминеме во себеспознавање, каде грешиме, како да бидеме подобри и поуспешни. Учењето да се живее токму сега, во овој момент, во овие времиња е клучно. Треба да научиме да се справуваме со нашите емоции на дневна основа и да практикуваме техники за ослободување од стрес. Треба да стекнеме здрава навика за спиење, да го промениме начинот на исхрана и да практикуваме редовна физичка активност која ќе не ослободи од стресните ситуации. Многу е важно да не се затвораме во себе, кога ќе дојдат тешки времиња и ако чувствуваме дека ни е тешко. Мој совет е да го споделиме нашиот проблем со ссвоите блиски, семејството, пријателите со некој во кој имаме доверба. Секој има потреба од помош од време на време и нема срам да зборуваме ако нешто не мачи.
 
На крајот, какви решенија нудите?
 
Ситуацијата во Република Македонија е алармантна и сметам дека треба под итно преземање мерки за вракање на човечкото достоинство!!! Сиромашните семејства многу често се чувствуваат како да немаат никаква одбрана соочувајќи се со несигурноста и со ризиците кои ги носи сиромаштијата..
Социјалниот развој е дефиниран како приоритет на човечките потреби во развојот и напредување на општеството.Фокусот е на подобрување на животот на обичниот граѓанин, посебно на сиромашните,како би општеството било подобро место за живеење на сите.
Социјалниот развој подразбира “вложување во човекот”.Тоа бара отстранување на бариерите како би можеле сите луѓе да го живеат својот живот достоинствено и да ги остваруваат своите цели.
Во суштина, се работи за “одбивање да се прифати дека луѓето кои живеат во сиромаштија,секогаш ке бидат сиромашни”.Се работи за помагање на луѓето да го променат тоа и да тргнат напред кон патот на самодоволноста..
Во таква тешка економска,социјална и здравствена криза, каде поголем процент од населението живее на границата на сиромаштија, каде младите масовно се исселуваат од земјата а остануваат постарите, во услови на висока невработеност,може да се каже дека се повеке лица ке имаат потреба од социјална заштита и социјални услуги.
Сиромаштијата не се дефинира само како недостиг од материјални реурси,туку од аспект на процес во кој остануваат маргинализирани одредени поединци и групи како млади возрасни лица, самохрани родители, лица со хронични болести, хендикепирани лица, пензионери и др.
Во секоја земја постојат политики за борба против сиромаштијата. Доколку и покрај тие политики сиромаштијата опстојува,тогашобјаснувањата не треба да бидат наменети за неуспешните сиромашни луѓе,туку,за неуспесите на политиките развиени за борба против сиромаштијата и структурните промени на општеството кои треба да бидат спроведени со помош на тие политики.
Политиките за намалување на сиромаштијата се разгледуваат од економски и социјален аспект. Економските политики се насочени кон намалување на невработеноста и зголемување на животниот стандард а социјалните политики се однесуваат пред се ,на зголемување на ефикасноста на социјалната заштита. Секоја земја применува различни економски и социјални политики во зависност од економската развиеност,степенот на човековиот развој и ефикасноста на системот на социјална заштита,со цел намалување на сиромаштијата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *