ТРИ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА АКАДЕМИК ГЕОРГИ СТАРДЕЛОВ

WEB Телевизија во живо

„ГЕВГЕЛИЈА СЕКОГАШ МИ БЕШЕ ВО СРЦЕТО, И НИКОГАШ НЕ ЗАБОРАВИВ ДЕКА ПО НАЦИОНАЛНОСТ СУМ ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ“.
 
На 11-ти јануари 2021 година на 90-годишна возраст во Скопје почина академик Георги Старделов. Георги Старделов е македонски естетичар, есеист, литературен критичар, теоретичар и академик. Роден е во 1930 година во Гевгелија.
Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал по филозофски науки во 1965 година. Беше професор на Филозофскиот факултет во Скопје (1956-1966), негов декан (1975-1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977-1981), претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на Македонскиот ПЕН центар.
 
За член на МАНУ беше избран во 1986 година. Во периодот од 2000 до 2004 година беше потпретседател на МАНУ, а од 1 јануари 2008 година и претседател на Академијата. Во МАНУ, од 1993 година го раководеше проектот „Историја на културата на Македонија“, од кој во негова редакција беа издадени 20 тома. Беше член на редакцијата на списанието за литература, култура и уметност „Современост“.
Старделов беше плоден научен работник во повеќе дисциплини: филозофија, историја, естетика, теорија и социологија на културата и уметноста, историја на литературата.
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *