ТРЕТ ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, започна со реализација на Форуми во заедницата.
Третиот форум на заедницата каде ќе се презентираат проектните концепти кои беа подготвени од граѓаните на Втората Форумска сесија, ќе се одржи на 11.01.2024 година, (четврток) во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, со почеток во 17:00 часот.
 
На форумот ќе бидат презентирани правилата зa избор на следниве проекти:
Проект (1) Изградба на велосипедска и пешачка патека, адаптирани и за лицата со попреченост – презентација
Дискусија (коментари, предлози и препораки)
Проект (2) – Уредување на паркот и реконструкција на објектот во Смрдлива Вода и негова адаптација за користење и од лицата со попреченост – презентација
Дискусија (коментари, предлози и препораки)
Проект (3) – Изградба на спортско-рекреативен парк и рехабилитација на веќе постоечките со содржини за лицата со попреченост, деца и возрасни – презентација – Дискусија (коментари, предлози и препораки)
Проект (4) – Селекција и рециклирање на отпад – презентација
Дискусија (коментари, предлози и препораки)
Проект (5) – Собирен центар за употреблив отпад од домаќинаствата – презентација
Проект (6) – Поставување фотоволтаици на училишните згради – презентација
Дискусија (коментари, предлози и препораки)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *