ТЕОДОР ЦВЕТКОВ ОД РУСЕ, РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА ГО ФАТИ ЧЕСНИОТ КРСТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Најсреќен меѓу дваесеттината кои скокнаа по светиот крст во реката Вардар во Гевгелија беше 28- годишниот државјанин на Република Бугарија, Теодор Цветков од градот Русе.
Свештените лица и многубројните граѓани на Гевгелија,кои по убавото време го следеа овој настан, беа пријатно изненадени што по втор пат,по 2018 година, чесниот крст во Гевгелија го фати Теодор. Тие на Цветков му посакаа многу здравје и му порачаа со светиот Богојавленски крст да ги посети сите христијански домови во Гевгелија.
Тој од градоначалникот на општина Гевгелија доби лап топ како подарок, а фирмата Зегин му додели ваучер.
Цветков досега учествувал на фаќање на крстот и во други земји во светот, како и во Москва во Русија.
Среќниот носител на крстот од водите на Вардар до свештените лица кои го дочекаа на мостот го прими благословот. Негова желба е крстот да го остави на црквата, а средствата што ќе се соберат со неговата посета на сите домови во Општината да се донираат на болно дете, или дете со посебни потреби.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *