СОВЕТОТ ГИ УСВОИ ГОДИШНИТЕ ИЗВЕШТАИ И ПРЕДЛОГ ПРОГРАМИТЕ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И СПОРТОТ

WEB Телевизија во живо

На својата 37. седница, Советот на Општина Гевгелија, со мнозинство на гласови ги усвои Предлог заклучоците за усвојување на годишните извештаи за 2023 година, како и Предлог програмите и проектите, спортските клубови и поединци за финансирање од областа на културата и спортот.
 
Оваа, 2024 година, преку Програмата за финансиска поддршка на програми и проекти од областа на културата од интерес за Општина Гевгелија се издвоени 7 милиони денари кои се поделени на вкупно 54 Јавни општински установи, Културно уметнички друштва и поединци. Меѓу нив се Интернационалниот фестивал “Калинка“, „Македонијо во срце те носиме“ на продукцијата „Скендеровски“, Културно-уметничките друштва, поединци, Градскиот мешан хор „Гортинија“ Меѓународен натпревар на пијанисти, како и активностите на драмската литературната, ликовната секција и школите за гитара и тапани, како и останатите поединци и здруженија.
 
Спортските клубови и поединци, во оваа 2024 година ќе бидат финансиски помогнати со вкупно 21 милион денари кои се доделени на 40 клубови, поединци и организирање на спортски настани. И оваа година највеќе средства, 9 милиони се одвојуваат за КК „Кожув“, 5 милиони денари за ФК „Кожуф“, додека ракометарите на „Партизан“ и ракометарките на „Гевгелија“ ќе добијат по 1 милион денари. Поради континуирано добрите настапи и резултати во изминатите години, општината финансиски ќе ги помогне меѓу другите и КК „Гевгелија“, АК „7-ми Ноември“ со 900 илјади денари, КК „Гевгелија“, со 750 илјади денари, Шаховскиот клуб „7 Ноември“ со 350 илјади денари Меморијален турнир „Никола Гелебешев“ со 150.000 денари.
 
Инаку, седницата на Советот на Општина Гевгелија траеше подолго од вообичаеното поради прекинот кој настана кога беше побарано да се достави извештај за потрошените средства за 2023 година на КК „Кожув“, услов кој сите апликанти треба да ги исполнат за да може да конкурираат за средства од буџетот на општината за 2024 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *