РАКОМЕТАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НА ЕП ВО ГЕРМАНИЈА. ЌЕ БИДЕ ЛИ „СО ШТИТОТ ИЛИ НА НЕГО“?

WEB Телевизија во живо

Денеска, во 18 часот Македонската ракометна репрезентација го стартува своето учество на ЕП во Германија против селекцијата на Франција. Натпреварот ќе се игра на фудбалскиот стадион „Меркур-Шпила арена“ во Диселдорф, кој е адаптиран за ракометни натпревари и е со капацитет од преку 50.000 гледачи.
Иако противникот е Франција, еден од фаворитите, нашите репрезентативци ветуваат дека ќе го остават срцето на теренот, ќе прикажат добра игра и ,како што вели изреката, на крајот ќе биде „со штитот или на него“
Нашата група е наречена група на смртта, и ќе биде исклучително тешко да се победи на некој од трите натпревари бидејќи во групата А освен Франција, за ривали ги имаме Германија и Швајцарија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *