ПОЗНАТИОТ ПРОРОК НОСТРАДАМУС ПРЕДВИДЕЛ ТЕШКА 2024 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Францускиот астролог Мишел де Нострадам, познат како Нострадамус, ја напишал книгата Les Prophéties во 1555 година во која ги претставил своите предвидувања за иднината. Многумина велат дека неговите предвидувања се оствариле, наведувајќи ги сличностите меѓу вистинските настани и неговите предвидувања, како што се Големиот пожар во Лондон, владеењето на Хитлер и нападите од 11 септември. Велат и дека ја предвидел смртта на американскиот претседател Џон Кенеди, како и Француската револуција.
 
Нострадамус ја предвидува и смртта на папата Франциск за оваа 2024 година. „Со смртта на еден многу стар папа, ќе се избере римјанин со пристојна возраст. Ќе се каже дека е слаб, но ќе владее долго и ќе биде сакан“, напишал Нострадамус
Нострадамус, исто така напишал дека „Црвениот противник ќе бледнее, ставајќи го во страв големиот океан“. Некои веруваат дека „црвениот противник“ би можела да биде Кина, додека „големиот океан“ сугерира дека борбите би можеле да се одвиваат на море, можеби во Индискиот Океан.
 
Британскиот писател и коментатор на Нострадамус Марио Ридинг веќе зборуваше за тоа како францускиот астролог можеби ја предвидел смртта на кралицата Елизабета Втора. Нострадамус напишал дека „Кралот на островите ќе биде избркан со сила и заменет со оној кој нема да има знак на крал“.
Во анализата на Ридинг, ова укажува на абдицирање на кралот Чарлс III поради „упорните напади врз него и неговата втора сопруга“, и ќе биде заменет со Хари на местото на Вилијам како човек на кој „нема печат на крал“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *