ПОРАДИ РАСИПАНИ СЕНЗОРИ ВО МОНИТОРИНГ СТАНИЦАТА ЗА МЕРЕЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ, ГЕВГЕЛИЧАНИ ПОДОЛГО ВРЕМЕ НЕ ЗНААТ КАКОВ ВОЗДУХ ДИШАТ

WEB Телевизија во живо

Пред четири години во Гевгелија беше ставена во функција мониторинг станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Станицата е дел од заедничкиот проект со Грција „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот регион“, кој во земјава го имплементираа Цeнтарот за климатски промени од Гевгелија и Министерството за животна средина, а го финансираше ЕУ.
Мерната станица е опремена со повеќе инструменти и треба да дава резултати на часовна и дневна концентрација на азотни оксиди, сулфур диоксид, јаглероден моноксид и озон, а треба да ги отчитува и опасните ПМ10 честички. Таа е поврзана со националниот софтвер и мониторинг мрежа за следење на квалитетот на воздухот, со која управува Министерството за животна средина.

Но, веќе подолго време, на сајтот на Министерството за животна средина, нема податоци за присуството на опасните ПМ 10 честички кои треба да ги мери оваа мониторинг станица.Побаравме одговор од самото Министерство за животна средина, од каде не информираа дека во текот на 2023 година се случиле повеќе од 120 дефекти од различен карактер, на различни мерни инструменти, на сите мерни места во државата. Притоа, во 2023 година се извршени повеќе од три илјади превентивни интервенции на сите мерни инструменти на сите мерни места. Податоци недостасуваат од мерењата на скоро сите мерни станици во државата за супстанците за кои поседуваат технологија – од оние во Скопје каде се поставени во најголем број, до станиците во Струмица, Кавадарци, Куманово, Битола, Гостивар, Велес, Берово, Охрид, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Кочани…
 
Конкретно, за мониторинг станицата во Гевгелија се расипани сензорите кои треба да го мерат присуството на опасните ПМ 10 честички. Додека во функција се сензорите за мерење на останатите штетни честички. Од Министерството велат дека во најскоро време сензорите ќе бидат набавени и се очекува во најскоро време гевгеличани да можат да проверат каков воздух дишат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *