ПИСАТЕЛОТ СТЕФАН МАРКОВСКИ ЈА ПОВЛЕЧЕ КАНДИДАТУРАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА ДПМ

WEB Телевизија во живо

Познатиот и признат млад гевгелиски и македонски писател и актуелен директор на Библиотеката „Гоце Делчев“, преку списанието „Современост“, ја известува македонската јавност дека нема да учествува во трката за избор на Претседател на Собранието на Друштвото на писатели на Македонија.
 
Во објавата, тој пишува,
 
Почитувани членови на Друштвото на писателите на Македонија, ве информирам дека вчера ја повлеков актуелната кандидатура за Претседател на Собранието на ДПМ за Изборното собрание закажано за 27.01.2024 година.
И покрај фактот што не се сомневам во убедлива победа во вид на мнозинство од вкупниот број гласови во однос на противкандидатот, искрено жалам што внатрешните поделби, ниските конфронтации за добивање позиции по секоја цена, а со тоа и влијание, дури и буквална злоупотреба на потписите на дел од членовите дополнително го деградираат реномето на ДПМ и не смее да се дозволи ова да продолжи да биде алка во синџирот на функционирањето!
Со учество на Изборно собрание во такви околности се дава незаслужен легитимитет на некнижевната и неестетски-заснована, дури и исфорсирана поделба и конфронтација, со посредство на некои влијателни личности во литературата и литературната наука, која не ги ни бира своите методи за групно дејствување, па и обиди за елиминирање или потиснување на цели авторски опуси од книжевната историја.
Се’ додека свесно не се вложат напори за прележување на овие детски болести на современата македонска литература, одбивам да верувам дека ќе постои исто така свесно насочена волја, но и енергија за било што понатаму да се рефлектира во вид на подобрување на функционирањето на ДПМ.
Срдечна благодарност за вашата поддршка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *